Преку 70 милиони евра државата дава како директна поддршка на домашните компании. Јас верувам дека државата, како што ни е финансиски стабилна, економски ликвидна и солвентна е сериозен поддржувач, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Исполнивме многу долгогодишни стратешки определби во целиот овој период, коишто даваат иднина на креирањето на плановите во секој сегмент на општеството, така и во најважниот – економијата.