Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното “Отворено студио” на 24 телевизија запрашан за коментар на обвинувањата на опозицијата дека претходната влада не го исполнила ветувањето за 500 евра плата, со став дека тоа апсолутно не е точно и дека доколку владата имала полн мандат зацртаната цел ќе била исполнета.

“Ако можевме за 2,5 години да ја покачиме просечната плата од 22 300 денари на 27 206 денари, тоа се 5 000 денари за 2,5 години. Да имавме уште година ипол ќе ја покачевме просечната плата до 30 000 денари.

Просечната плата сега е 25 400 денари со коронакризата и намалувањето на севкупната плата во државата. Во март беше 27 206 денари, пред да ги имаме рефлексиите од коронакризата. Тоа не се случува тука, тоа се случува во целиот свет. Ако можевме за 2,5 години да ја покачиме платата за 5 000 денари, за 4 години апсолутно ќе стасавме да ја покачиме за дополнителните 3 000 денари. Тоа е реализирано ветување. Минималната плата е сама по себе доказ дека се остваруваат ветувањата затоа што беше 9000 денари и ја качивме на 12 000 денари, па потоа на 14 500 денари. Убедувањата од опозицијата беа ќе се отпуштаат работници и ќе се затвораат фабриките. Доказ дека сме разговарале со коморите, со фирмите, со работодавачите беше токму тоа, низ дијалог ги качивме платите. Тоа е добро за стопанството бидејќи сега има повисока плата и помотивирани работници кои добиваат поголеми приходи, а тоа значи и поголема приватна потрошувачка моќ што значи дека економијата движи” – истакна Заев.