Апелриам до сите да донираат, да најдат начин да помогнат, и да бидат солидарни, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

„Јас сум претседател на СДСМ и сакам да бидам пример за солидарност“, рече Заев, и им се заблагодари на сите членови на партијата, што се одзваа и даваат свој придонес во акцијата за донирање на прехранбени артикли.

„Моето семејство Заеви се вклучени во сериозни донации и авансно ги плаќаат своите обврски, сите компании на семејството, освен оние што се директно погодени од кризата“, посочи Заев, додавајќи дека неговото семјество донира но не се фали со тоа.

Партиите исто така, треба да бидат солидарни и да се откажат од државните средства, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.