Анкетата нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, покажа дека 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.

На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите?

Од оние кои изјавиле дека ќе гласаат, за СДСМ се определиле 28,2%, за ВМРО-ДПМНЕ 25,9 %, за Независна листа 14,7%, ДУИ 11,4%, Алијанса за Албанците 10,6 %, Левица 7,3%, Други 1,9%.

На прашањето: Според вас која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда?

За СДСМ се определиле 27,1%, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7%, за Независна листа 13,4%, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.

Испитаниците се изјаснија дека најголем проблем кој треба да се решава е екологијата и чистиот воздух.

Во одредување на профилот на испитаниците, на прашањето дали се симпатизери на некоја политичка партија, 26,2 % одговориле дека се симпатизери на СДСМ. Потоа следуваат: Не сум на ниедна партија 24,7%; ВМРО-ДПМНЕ 24,1%; Независни 12%; Левица 11,7%

Од испитаниците, најголем број не се членови на политичка партија. На прашањето дали сте член на политичка партија:
49,15 % одговориле дека не се членови на ниту една политичка партија; 19,9 % одговориле дека се членови на СДСМ; 18,7% дека се членови на ВМРО-ДПМНЕ; 5,7% друга; 5,4% дека се членови на Левица; 0,6% дека се членови на Алијанса на Албанците; 0,6% дека се членови на ДУИ

Анкетата е направена телефонски, на примерок од 1000 испитаници во периодот од 25 до 30 септември.