Патот до вистината е еден и секогаш е поплочен со проверливи факти и аргументи. Вистината секогаш има едно лице, па затоа не секогаш е лесно допадлива на широките маси, а најтешко ја варат оние кои немаат капацитет да се соочат со неа.

Таквите во последниов период сè повеќе прибегнуваат кон презентирање шпекулации, односно свои извртени вистини, непотполни и селективни информации, а сето тоа не е ништо друго освен тенденциозно ширење лажни вести. Лажните вести се опасна играчка, особено доколку се најдат во раце на политички субјект кој допира до поширока народна  маса. И нели вистината е како шило, но моменталната штета која ја прават лажните вести тешко се санира, бидејќи бара вложување дополнително време, напори и енергија кои би можеле да бидат искористени на многу попродуктивен начин. Лажната вест постигнува петминутен бомбастичен ефект и најчесто е асоцирана со будење чувство на страв, паника, револт и други негативни емоции кај граѓаните, па затоа консеквенците од вакво неодговорно однесување се далекусежни и мора да подлежат на санкционирање. Она што е најпоразително е дека дури и во услови на светска пандемија со коронавирус кај нас наместо да се разбуди чувството на солидарност и емпатија, одредени субјекти, за жал, го злоупотребија и овој чувствителен период  за манипулирање со чувствата на јавноста која заради самите услови веќе беше вознемирена и под постојана пресија. Да не зборуваме за глобалната кампања за наводната штетност на 5 џи, чипирањето на Гејтс, вонземјанците и што ли уште не. Ако ја погледнеме нашата микросредина ќе забележиме дека во последниве неколку месеци речиси секојдневно сме изложени на канонада од невистини или полувистини, кои се презентираат како вистини:

  • Со појави лажен е-маил кој наводно е испратен од име на државен секретар на МВР со кој се покануваат граѓаните во одреден час да се појават во МВР заради наводна истрага и сето тоа во услови кога беа активни поригорозни анти-корона рестриктивни мерки и секојдневно се апелираше на социјална дистанца.

Саканиот ефект е да се предизвика вонемиреност и страв, можеби и смислено собирање на граѓаните на едно место, односно нивно мешање, а по направената анализа и истраги се потврди дека испратениот е-маил е позврзан со унгарски правен субјект:

  • Сличен таков е-маил неодамна пристигна во повеќе електронски сандачиња, но овојпат наводен испраќач беше Министерството за здравство, веројатно најоптовареното министерство во услови на пандемија. Во пораката се вели дека е детектирано дека еден од вашите контакти е позитивен на коронавирус, а целта е повторно иста: сеење страв и паника!
  • Лажна вест беше и наводната уредба која се прошири низ многу училишни групи, а целта беше да допре до учениците, родителите, наставниците. Уредбата беше лажно искреирана, а единствена цел беше да си поигра со чувствата на учениците и родителите.

• Генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, неодамна пласираше информација во јавноста дека Владата во услови на пандемија се луксузира:
Информацијата како неточна беше експресно демантирана од Владата од каде потврдија дека се работи за редовна набавка:

“Партијата ВМРО-ДПМНЕ не ја кажува вистината, рестораните во државните институции сè уште не работат, а она што нема да се реализира нема ни да се плати, реагираше Владата на прес конференцијата на Игор Јанушев.
Плаќањето на набавените количини е сукцесивно, односно тоа што нема да се потроши не се плаќа, а количините кои се набавуваат се предвидени и пресметани исклучиво согласно калкулациите и потрошувачката во изминатите години.
Со набавките на основни и специфички прехранбени услуги се опслужуваат Владата, Собранието и Претседателот, а реални корисници се сите државни институции и сите корисници на услугите на рестораните на Владата, Собранието, Претседателот, Клубот на пратеници, вклучително и сите странски претставници на бројните делегации кои доаѓаат во официјални и работни посети на нашата земја.”

• После мерката за зголемување на акцизата на нафтата за 3 денари, ВМРО-ДПМНЕ повторно излезе со манипулативна информација до јавноста дека со привременото зголемување на акцизата на горивата за три денари во државата ќе има ценовен шок и инфлација. Ваквата невистинита информација има за цел да го вознемири населението.

• За иста цел опозициската партија пласираше и информација дека дури 140 000 граѓани останале без работа, што секако беше лесно проверлива информација и истата согласно податоците на Агенцијата за вработување беше инстантно демантирана.

• Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски си водеше своја пропагандна кампања, па така не пропушташе прилика да каже дека воопшто не ни знаеме колкав е реалниот број на заболени од коронавирус бидејќи државата немала доволно тестови.

Информацијата беше веднаш демантирана преку порака на социјалната мрежа Твитер од оној којшто беше најповикан, односно министерот за здравство Венко Филипче, а до ден денешен направени се над 20 000 тестирања:

• Коронавирусот изгледа беше најповолна почва за сеење лажни вести од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ токму заради сензитивноста и специфичноста на ситуацијата, па така се нижеа лажни информации дека сме први во смртност, први во нетестирање, први по недостаток на опрема, по сè што ќе им дојдеше на памет, а не го штедеа ниту министерот за здравство со низа лични дискредитации и обвинувања. Времето покажа дека ни одблиску не е така.

  • Зачудува и леснотијата со која се лиферуваат одредени информации, па во тоа се вплеткуваат дури и реномирани светски институции. Таков беше случајот со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој со огромна загриженост и без ни малку грижа на совест, објави:Меѓутоа ООН во најкус можен рок го препознаа овој обид за манипулирање со јавноста и нејзините чувства, па одговорија со демант:

• Уште еден потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на социјалните мрежи предизвика бура реакции со објавената манипулативна информација дека тревникот на плоштад чини 500 000 евра:

Секако Мисајловски “заборави” да каже дека сумата се однесува на целиот плочник, урбаната опрема, канделабрите, хортикултурата, па и тревата, па градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, го потсети:

  • Како мета на лажна вест се најде и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, чија слика направена во 2018 година на Денот на Европа беше објавена од страна на еден ТВ медиум како овогодишна со цел да се прикаже дека Бочварски држел говор без да почитува мерки за спречување на коронавирусот.

Бочварски веднаш ја демантираше како невистинита објавената информација:

-Најостро реагирам на лажната пропаганда која е пласирана на телевизија Алфа со цел ширење лаги и манипулација на граѓаните.

Запрепастува како се осмелиле да употребат фотографија за која јасно стои во описот дека е од настан кој се случи пред две години, во 2018 година, а којшто тогаш беше медиумски покриен од сите национални медиуми, настан на кој присуствуваше тогашниот Претседател на Владата Зоран Заев и високи претставници на Европската Унија, како и многу амбасадори од европските земји – напиша Бочварски на социјалната мрежа Фејсбук.

Приложеново е само дел од она што се случува на дневна основа откако државата е погодена од здравствената криза. Очигледно е дека одредени центри преферираат лага пред вистина, очигледно е дека оркестрирано се настапува, очигледно е дека се таргетираат ликови и се водат цели пропагандни кампања под мотото 100 пати повторена лага станува вистина.

Ама, вистината се слуша тивко. За да ја слушнеш треба да почекаш да престане викањето на лагата!