Статистичките податоци покажуваат дека поскапени се овошјето, зеленчукот, маслото за јадење, лебот, месото…

Од први мај, омилената туристичка дестинација за многумина, Република Грција, нема да им бара на посетителите да покажат доказ за вакцинација, негативен ковид тест или пак доказ дека прележале коронавирус за да влезат во земјата, објави порталот „travelandleisure“.

Таквите мерки ќе важат и за македонските граѓани, а Грција ќе укине и други протоколи поврзани со ковид-19 наредната недела, што ќе биде уште една земја која планира да се врати на предпандемискиот живот.

Што се однесува до цените, како што пренесува „Телеграф“, гирото е 4 евра, шолја фредо капучино 5 евра, пиво 4,5 евра, додека пак цените на печивата се речиси исти.

Горивото поскапело, но тоа на одредени пензински пумпи и натаму е евтино. Статистичките податоци покажуваат дека поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото за јадење, лебот, месото…

Сепак, за разлика од Германија каде недостасуваат поедини намирници, во Грција засега има сè.

Обичен бел леб во Евија, Грција, чини 2,4 евра. Аперол шприц на плажа се служи по цена од 8,5 евра…

Лежалките на плажа кои топлото време веќе ги извади надвор, може да се користат доколку се порача пијалак. Ладното кафе на плажа изнесува три евра, природните цедени сокови се околу четири евра, газираните освежителни пијалоци околу 3,5 евра.