Експресниот пат Страцин-Крива Паланка беше 90% изграден до изборите во мај, односно од предходната власт на СДСМ, на новата власт им остана само да ги дозавршат финалните работи со што граѓаните конечно ќе можат да ги користат бенефитите од овој значаен проект.
– Вака изгледа експресниот пат Страцин–Крива Паланка кој денеска се пушта во употреба, проект на СДСМ за кој сме горди што е завршен. Да не беа блокадите на тогаш опозициската ДПМНЕ во Собранието овој проект ќе беше завршен уште минатата 2024 година. Ова е уште еден доказ за посветеноста на СДСМ на капиталните проекти и интересите на граѓаните, велат од опозициската партија кои објавија најново видео од овој проект.