Повеќе од два месеци нема откуп на оризот во кочанскиот регион. Полни вреќи стојат во амбарите. Оризопроизводителите револтирани од настанатата ситуација. Велат стои 70% од оризот. И додека нивниот ориз стои неоткупен, државата увезува.
-Алармирано е цело министерство и влада. Од пет средби со министерот, после секоја средба ситуацијата беше се по алармантна. Манипулираат сите со нас. Ние останавме без пари. Дали е свесен тој министер што им се случува на оризарите. Мислам дека воопшто не е свесен, вели револтиран производител на ориз.
Должни по аптеките, пари немаат а оризот по амбарите го јадат птици, велат тие. Со сегашната цена велат дека се вратени неколку години наназад. Неможат да ги покријат ниту трошоците.
-Никогаш не било ориз да не се откупува пред нова година и после нова година. Сегашната цена која ни ја нудат од 28 до 32 денари, тоа беше цена од 2021 година. Од 2021 наваму добивавме се подобри цени. Реколта 2022г имавме 32 со 34 и 35 денари. Реколта 2023г имавме 39 со 40 и 41 денар. За тоа имам документи за што можам да му го докажам на министерот. Јас му го покажував но тој нема слух тоа да го гледа. Едноставно не го ни погледна. А оваа реколта за 2024 година ни е 28 денари, ние сме со три години назад. Како да опстанеме кога се друго се зголемува, стандардот оди нагоре, оризопроизводителството паѓа, прашува друг оризопроизводител.
Оризарите бараат нова средба со министерот како и 6 денари за килограм предадена арпа. Тие се децидни, дека доколку не се откупи оризот, ќе организираат нови протести и ќе ги бараат своите права.
Телевизија М Нет