Браната Конско е важен проект од национален интерес, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во своето вечерашно гостување во Тема на денот на Сител Телевизија.

„Браната Конско е целосно завршена. Ова е модерен, најголем, значаен проект за целиот гевгелиски регион, во последниве 50 години, и најголем капитален проект во последниве 20 години во делот на водостопанската инфраструктура. Значаен е токму заради тоа што со новата акумулација на Конско се обезбедува вода за наводнување на околу 8.000 хектари на цело Гевгелиско поле “, истакна министерот Николовски.

Нема модерно и конкурентно земјоделство без модерни системи за наводнување на земјоделското земјиште. Брана Конско започна да се гради во 2018 година и денеска целосно е изградена, тестирана во целост и веќе започна да се полни со вода. Министерот Николовски истакна и дека браната Конско е единствениот водостопански објект кој веднаш по завршувањето на браната започнува и со градба на хидросистем за наводнување.

„Наша цел е да имаме компактен систем. Вчера ја заокруживме изградбата на браната Конско и веќе денес го дадодвме налогот на фирмата конуслтант и започнува проектирањето за изградбата на системот за наводнување од браната Конско, но и на проектирањето на уште три други системи Лисиче, Пепелиште и Страиште“, истакна министерот Николовски.

Станува збор за досега најголема инвестиција во водоснабдувањето и по површина и по вредност.

„Преку овој капитален проект наводнуваме нови 13.650 хекатри обработливо земјоделско земјиште, со вкупна вредност на инвестцијата од 120 милиони евра. Градиме модерни системи за наводнување и обезбедуваме сигурно земјоделско производство во општините Велес, Чашка, Неготино, Демир Капија, Дојран, Валандово, Богданци, буквално целиот тој регион ќе биде покриен со модерни системи за наводнување, и со тоа за пет пати ќе ги зголемиме површините под систем на наводнување, а со тоа ќе се зголеми и домашното производство на храна“, истакна министерот Николовски.

Инвестирајќи во овие капитални проекти уште еднаш докажуваме, дека кога се сака може се да се направи. Парите на граѓаните ги вложуваме кон проекти што се во нивен интерес и носат развој.