Вечерва, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на митинг во Крива Паланка го претставија својот кандидат за градоначалник и советничката листа.
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски во својот очаен и губитнички говор, наместо да понуди програма и проекти, тој во најголем дел зборуваше за причините за евидентниот пораз кој ќе му се случи нему и на ВМРО-ДПМНЕ во недела на 17-ти октомври.
Мицкоски, над дваесет пати ги спомна имињата на Заев и Николовски, користејки речник кој не доликува на лидер на една партија.
Експертите за односи со јавност, ваквиот говор на Мицкоски го оценуваат како очајнични обид на давеник кој се фаќа за сламка. Настап претпознатлив за политичари кои знаат дека губат и смислуваат секакви причини за поразот кој им следува. Па така, крив му е Заев, крив му е Николовски, криви му се сите, без да се погледне во огледало и да си признае сам на себе дека четири години откако тој е на чело на ВМРО-ДПМНЕ, таа партија секоја година реди порази на политичката сцена. Не успеа да донесе свежина, нема нови кадри, нема прогресивни сили, нема оптимизам, нема победнички дух.
Партијата од која бегаат сите, не може да биде алтернатива на било која власт.
Додека кај нив членството секојдневно им се раситнува, власта во Крива Паланка им држи лекции по хуманост, другарство, сплотеност, помагање и најбитно-неделивост на луѓето по партиска или било каква припадност. Во Крива Паланка има безброј примери во изминативе 4 години како се помага на секого во секое време.
Мицкоски наместо да измислува разно-разни приказни, да се запраша, зошто во Крива Паланка довчерашните подржувачи на вмровската идеологија, јавно ја негираат неговата политика и начинот на кој ја води партијата на патот кон неизвесноста, во тунелот после кој не се гледа светлината.
Расположението на граѓаните, како и сите релевантни анкети во Крива Паланка покажуваат дека опозицијата ќе загуби со разлика од неколку илјади гласови. Затоа е и нервозата кај Христијан Мицксоки кој знае дека токму по локалните избори ќе му заврши неговата политичка кариера и ќе биде првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој неуспеал да стане премиер на државата.