Премиерот Ковачевски денеска најави дека владата подготвува дополнително зголемување на пензиите.

Според неофицијални извори, ќе се врши промена на методолигија за пресметка на пензии, која во моментов се врши со 100% усогласување со трошоци на живот.

Според овие информации се разгледуваат неколку модели, односно наместо досегашната методологија висината на пензиите ќе се одредува и преку порастот на платите со што би се земал 60%, 50% или 40 проценти од нив заедно со трошоците на живот.

Тоа значи дека пензионерите ќе добијат поголемо зголемување на пензиите. Од партијата засега не потврдуваат ништо, но најавуваат дека по зголемувањето на минималната плата, подготвуваат сериозно зголемување на пензиите.