Во септември 2021 година, просечната нето-плата изнесува 28.869 денари, што е за 5,3% повеќе во однос на истиот месец минатата година, кога изнесувала 27.405 денари.

Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:

Информации и комуникации (13,2%);
Рударство и вадење на камен (12,8%);
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,5%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:

Рударство и вадење на камен (4,4%);
Информации и комуникации (2,5%);
Преработувачка индустрија (2,2%).
Економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата даваат резултат. Доколку последниот податок го споредиме со септември 2017 година кога просечната плата била 23.229 денари, разликата е 5.640 денари.

Според трендот и реалните очекувања истата планираме да ја донесеме до ниво од 34.000 денари до средината на 2024 година.