“Кога една идеја ке прерасне во реалност, и кога од другата страна ке наидете на широко отворени раце за реализација на истата, тогаш успехот е загарантиран!
Приказната за мали семејни винарии немаше да постои, ако Љупчо Николовски не беше визионер, и не ја препозна идеата на Горан, Пере, Гоце, Сашко, Ѓоко, Александар, Зоран, Ивица,……. за регистрирање на мали семејни винарии.
Направивме многу, но останаа доста недовршени работи за малите семејни винари.
Тиквешки Семејни Винарии од срце се заблагодаруваат на досегашниот министер Љупчо Николовски за несебичната поддршка на малите винарии, и се надеваме на уште поголема и по обeмна поддршка од страна на новиот министер Цветан Трипуновски!
Душата на една винска земја е во малите, семејни винарии, каде секој винар со сопствени раце го произведува пијалокот на боговите!” – се вели во соопштението од Тиквешки Семејни Винарии.