Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Сугарески и директорот на јавните државни патишта Китанов, градоначалникот на Штип и на Кочани, раководството од советите и општинските администрации, претставници на фирмите изведувач и надзорот, з денеска направија увид во градежни работи на експресниот пат Штип-Крупиште.

Експресниот пат во изградба Штип – Кочани којшто започна да го гради Владата предводена од СДСМ есента 2017 година  е почнат и влезен во изградба во април 2017 после решавање на сите претходни прашања како што е дислокација на далноводи, експропријација, геомеханики и слични работи.

„Се наоѓаме на првата фаза Штип-Крупиште во должина од 14.3км која е во финална фаза од изградба.Граѓаните од Штип и Кочани се поврзуваат со брз и безбеден експресен пат со кој патувањето од Скопје до истокот на земјата се скратува за цели 30 минути. Оваа делница ќе претставува главна транспортна артерија на истокот од нашата земја низ која безбедно ќе циркулираат луѓе и транспорт на стоки и услуги. Граѓаните од целиот источен регион, Штип, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Пробиштип, Злетово директно ќе почувствуваат придобивки од изградбата на овој експресен пат.“ – порача Заев оттаму.

Воедно овој патен правец преку поврзувањето со автопатот Миладиновци-Штип е дел од Коридорот 8 и претставува безбедна и брза патна врска со соседна Република Бугарија.

„Искрено се радувам на изградбата на овој витален капитален проект кој значајно ќе придонесе за локалниот економски развој на истокот од нашата земја. Изразувам голема благодарност до работниците кои неуморно и посветено со почитување на сите протоколи за заштита работат на изградбата на овој пат.“ – рече Заев забгагодарувајќи им се на работниците и на изведувачот и надзорот за трпението и излегувањето во пресрет на локалното население при изградбата на овој пат.

Развојот и унапредувањето на инфраструктурата е врвен приоритет за СДСМ и Владата што ја предводи. Така беше во изминатиот период, така ќе продолжиме и по победата на 15 јули. Продолжуваме да инвестираме во се она што е важно за сите наши граѓани и нашата држава, порача Заев.