Благодарност до ТВ 24 за интересната дебата на вечерашната 24 Анализа, напиша на фејсбук Павле Богоевски.

„Во текот на разговорот со Сотир Костов, се обврзав да ги објавам јавните податоци за огромните суми пари кои тој ги има земено во времето на режимот. Тој тврдеше дека на неговата сметка не биле уплатени други средства освен платата која му следувала како претседател на Комитетот за истрага на авионски несреќи.

Станува збор за договорни услуги (и други ставки) кои биле доделувани надвор од платата. Овластување за исплати врз основа на договорни, оперативни и други услуги има само претседателот. Тоа значи дека дотичниот сам на себе си исплаќал огромни суми од парите на граѓаните, надвор од платата која му следувала за неговиот ангажман.

Тоа им беше и тоа им е практиката. Вдомување на екстремисти и радикалисти чија задача е само да сеат омраза, да ги штитат криминалците и да ја лажат јавноста. Упорно и се’ уште“, потенцираше Богоевски.

Линк за податоците за исплата на Сотир Костов