ДА НЕМА ДИЛЕМИ: УСТАВОТ ПРАВИ ЈАСНА РАЗЛИКА МЕЃУ ВОЕНА И ВОНРЕДНА СОСТОЈБА!

Во Уставот тоа е уредено во глава: VII. ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКАТА, ВОЕНА И ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

ВОЕНА СОСТОЈБА

Член 124
Воена состојба настапува кога:
– претстои непосредна воена опасност од напад врз Републиката или
– кога Републиката е нападната
– или ѝ е објавена војна.
Воена состојба прогласува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.
Ако Собранието не може да се состане, одлука за прогласување на воена состојба ја донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Член 127 Уреди
За време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане, претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 125
Вонредна состојба настанува кога ќе:

– настанат големи природни непогоди
– или ЕПИДЕМИИ

Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.
Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 денат на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Член 126
При постоење на (воена) или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.
Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.

Член 128 Уреди
Мандатот на претседателот на Републиката, Владата, судиите на Уставниот суд и на членовите на Републичкиот судски совет се продолжува за време на траењето на воената или вонредната состојба.