ВИСТИНАТА НА МИЦКО…
(извадок од текст во Либертас)
Денес градиме, утре ќе платиме! Ова веројатно била девизата на креаторите на проектот „Скопје “2014 кога пред една деценија почнаа да ги градат скапите објекти и стотиците споменици. Сметките за овој, некогаш посочуван како „грандиозен проект“, се еднакво грандиозни и допрва стасуваат за плаќање. Пресметките на истражувањето „Скопје 2014 под лупа“ покажуваат дека промената на ликот на македонската метропола ја чинеше државата над 650 милиони евра, но вистинската цена е поголема поради задолжувањето со високи камати со кое се финансирала изградбата. Во превод, се трошеле пари што државата ги немалa за нешто што е дискутабилно дали било потребно и дали во моментот било приоритет.
ЕВЕ ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА
Во 2020 и 2021 година државата треба да ги врати парите од задолжувањата во 2013 и 2014 година и тоа вкупно 1,2 милијарди евра јавен долг. Над 700 милиони евра треба да се вратат во 2020 година и 500 милиони евра во 2021 година, стои во писмениот одговор што го добивме од Министерството за финансии. Оваа сума е доволна да се изградат и опремат три современи Клинички центри или над 200 нови училишта и градинки.
Фб статус на Драган Томовски