Дали Сотир Костов, сопругот на екс-шефицата на протоколот на Груевски, како директор на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, во времето на ВМРО -ДПМНЕ сам на себе си исплаќал огромни суми на пари од институцијата која ја раководел?
Иако Костов во емисијата 24 анализа во дебатата со Павле Богоески изјави дека на неговата сметка не биле уплатени други средства освен платата која му следувала како претседател на Комитетот за истрага на авионски несреќи, документите покажуваат сосема друга ситуација.
Станува збор за договорни услуги (и други ставки) кои биле доделувани надвор од платата. Овластување за исплати врз основа на договорни, оперативни и други услуги има само претседателот.
Тоа значи дека Костов сам на себе си исплаќал огромни суми од парите на граѓаните, надвор од платата која му следувала за неговиот ангажман.
Доколку ова е вистина, дали некој ќе даде соодветно образложение и ќе понесе одговорност?!