Мицкоски за неколку часа направи увид на терен, отвори истрага, собра докази, анализираше докази, затвори истрага и резултатот на истрагата покажа дека за ноќешниот инцидент во деловниот објект на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, е виновен никој друг, туку СДСМ?!
Зошто? Бидејќи на него така најмногу би му одговарало во моментот?!
Настанот се случил во 3 часот по полноќ, а Мицкоски веќе ја завршил истрагата и го лоцирал виновникот?! Чулев не излезе со наод, Мицкоски излезе! А кој е Мицкоски, министер за внатрешни работи во сенка?!
Кога веќе е толку ескпедитивен во ресорот МВР, нека излезе не една прес-конференција и нека ја извести јавноста како завршија случаите “Теретана, “Кафана” и слични на нив и зошто кога веќе поседува вонсериски детективски супермоќи не ги реши и тие случаи за 5 часа и не ѝ го соопшти епилогот на јавноста?! Бидејќи јавноста е таа која заслужува одговор!
Во меѓувреме на социјалната мрежа Твитер:
Од МВР веднаш го демантираа Мицкоски! вратата била целосно извадена, експлозивна направа немало! Абе Мице кој те мести вака да се глупираш! 🙂 pic.twitter.com/QIJpfjZWbY
— рецепционерот Таљат (@TaladOdPrespaF) June 21, 2020