Лицемерието на челниците на ВМРО-ДПМНЕ се гледа на секој нивни чекор. На социјалните мрежи се појави фотографија од поранешниот вицепремиер, Васко Наумоски, како го прославува својот 40 роденден во широко друштво, пишува Фронтлајн.
Во позадина може да се види дека на прославата е присутен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Коментарите во врска со ова се:
„Важат ли препораките за избегнување на групни собирања и за челниците на ВМРО-ДПМНЕ, или тоа се однесува само за обичниот народ?
Едно кажува Мицкоски, друго прави?
Не ме гледај што правам, слушај што ти зборувам?“, велат коментаторите кои не можат да поверуваат дека и покрај сериозноста на ситуацијата со корона вирусот, челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават родендени, пишува порталот.