Се’ уште се релативизира опасноста од коронавирус со споредби со други болести, па да повториме:

1. Човек не може да се зарази од рак, мозочен удар, самоубиство, кардиоваскуларна болест, маларија (ако нема маларични комарци), СИДА (ако нема незаштитен секс со заболена личност) итн.
2. Со извесни влијанија на сезоните, заболените од погорниве болести не умираат во илјадници дневно до степен да го блокираат здравствениот систем на цела земја.
3. Со релативизирање на опасноста од коронавирус ја зголемувате шансата за блокада на здравствените капацитети, а со тоа шансата заболените од СИТЕ болести да умрат.

Не, ова не е медиумска хистерија туку најголемата здравствена закана за нашето општество од шпанскиот грип наваму! Опаметете се пред да загрозите нечив живот и слушајте ги препораките од здравствените авторитети!

ФБ статус на Слободан Јаќоски