Што прават вмровците за време на корони? Ги демантираат дури и Обединети нации. И тоа е голема брука.
Но, тие се засилуваат секој ден со секакви тврдења, плетат мрежа. Тврдења кои потоа излегуваат неточни, но ете се’ прават да покажат колку оваа Влада не чини, а колку они чинат, додека бројот на заразени расте.

Николоски (на фото 2 со Синиша Алексовски, лани) тврдеше дека мерките кои се преземаат за борба против заразата со корона вирус не се доволно рестриктивни. И дека земјава е карактеризирана како земја која нема јасни ограничувања за прием на лица од други држави. Потоа од ОН ја демантираа ваквата дезинформација.
Синиша Алексовски, со кој Николоски е близок е екс советник на Хорхе и беше дел од сведочење за 27 април (види фото 3). Процесот е вратен на почеток. Се чекаат нови сведочења.

Меѓудругото, Мицкоски, обвини за немање доволно тестови за корона, а и тој беше демантиран. Неговиот вокабулар од типот ,,заврши медениот месец на Филипче” е се`, само не пристоен за професор кој треба да сфати дека овој народ не го интересира во моментов нивната вмровска кулоарска политика и подметачини.

Сајт, кој важи за близок до оваа партија, препорачува да се купат респиратори од интернет за 6.000 долари преку препродавачи. Е, тоа се чита од нив во ,,војната” против Филипче и СДСМ. Пошто они со тоа се бават. Да се штедело и да се купувало преку нет ко да станува збор за карминче и патики преку ,,Али експрес”.
Сето ова се пласира на македонската јавност како нормално во време на корона кога тешко се доаѓа до респиратори, за што имено веќе имаше изјава од Вучиќ дека Германија не сакала да му продаде, па набавил ,,на црно”. И никој не смее ни за цена да го праша.

До кога вака, вмројни?

ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци