Ќе си напише некој/а на Фб денарот ќе девалвира и мора Народна банка да демантира. И така во сите области. Се троши драгоцено време за да не се прошири лагата, бидејќи луѓето повеќе им веруваат на лагите, отколку на официјалните институции и на вистината. А тој/таа си шкрабнале на ѕид колку да кажат нешто. Им е гајле што значи тоа и што може да предизвика. Јер сега со социјалните мрежи секој има право да каже што сака и се шири како молња. Уште ова, и јас сум кучињата да имаат право на мочкање, какање, но реков дека ќе се прилагодиме со Цезар. Патем, сакам да ве видам, драги мои кучкари, вака жестоко да се борите сите да си го собираме изметот од милениците по парковите и од други места каде се движат или престојуваат луѓе. А не е така. Полно е со измет. Од големите кучиња пак, тоа се баш големи купови. Неубаво, нели?

ФБ статус на Емилија Лазаревска