Во право е Petrit Amon Mra Saracini…
Револтот му е повеќе од оправдан…

Медиумските здруженија во МК се натпреваруваат меѓусебе кој повеќе и кој побрзо ќе ги одбрани „новинарите“ (наводниците не се случајни) коишто секојдневно ја трујат јавноста со омраза и со лажни вести…

Свесни ли се тие новинарски организации, здруженија, синдикати итн. дека новинарството никогаш не било на пониско ниво отколку сега и дека тоа најниско ниво е токму заради „новинарите“ од Лидер, Инфомакс, Курир и неколку други медиуми за коишто се изнаслушнавме разни будимпештански приказни!?

Порано беше чест да се каже за некого дека е новинар… Сега платени идиоти ја испоганија професијата… А медиумските здруженија ги штитат како домашни миленичиња… И со тоа стануваат соучесници во процесот на девалвација на со децении еснафската НОВИНАРСКА професија!

ФБ статус на Ацо Лукароски