Новинарот Миленко Неделковски се жали дека никој не повикал на протести во пресрет на гласањето на ратификацијата за НАТО. Никој не повикал пред Собрание а и никој не протестирал од дијаспората во Канада.
– Тодор Петров, незнам колку пари земал од дијаспора, тие пари никаде ги нема. Пред Собрание нема никој, никој не повика… вели Неделковски и прашува зошто во Канада која е земја членка на НАТО, македонската дијаспора не излегла да протестира пред министерствата за надворешни работи, одбрана или пред нивната влада.
Тој заклучува дека врвниот патриотски дострел на македонската дијаспора во Канада е, според него, комитската вечер со месо со праз и кебапчиња со гравче.