Она што мене најмногу ми пречи е општествената неодговорност. Јас не верувам дека во Струга ќе се случи експлозија на заразата, бидеќи според досегашните сознанија, вирусот не се пренесува така, барем не во најголемиот процент. Се пренесува со личен контакт и внесување во себе на нешто (најчесто, телесни течности) од заразен човек. Можеби сум оптимист неоправдано, ама сега и онака не можеме ништо, освен да почекаме и да видиме што ќе се случи за една до две недели.
Денеска дознавме дека поради короната се откажани Мајските оперски вечери. За некои луѓе тоа е поголема духовна загуба, отколку откажувањето на било која црковна литија. Сепак, не слушнавме дека се бунат или бараат да се одржи фестивалот, затоа што ги сметаат музиката и уметноста за „живот, здравје и каде што ги има нив нема зараза“ и слични нонсенси. Ниту верувам дека ќе слушнеме. Тоа е општетствената одговорност, која тој дел од општеството ја има, а другиот, за жал, ја нема, иако често се кити со неа.
ФБ статус на Миодраг Мишолиќ