Мицкоски нема да го поддржи законот за ЈО затоа што знае и самиот дека неговиот рејтинг меѓу народот е катастрофален. Тој може да негира, да се лути, да создава изговори. Но тоа нема ништо да промени. Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, денес, сега, овде и тука, имаат катастрофален рејтинг меѓу граѓаните.
Не треба да сте правник, аналитичар или пи-ар стратег. Доволно е да ги слушнете обичните, секојдневни луѓе. Мицкоски не може да биде премиер затоа што половина партија им се терети со тешки кривични дела.
Ми вели еден пријател, десничар, редовен гласач на вмро: „онаа будала која не јаваше и пљачкаше денес има унгарски пасош. Го заболе него патриотското дупе за Македонија и македонскиот пасош“.
Не ги сакаат ниту нивните.
Ненад Јовановиќ