Со ова известување, сакам да го појаснам случајот, кој го следа дезинформации и обид за ширење паника од национален медиум, со што е нанесена штета на работата на Канал 77.

Имено, во програмата Стадион, во изминатата сабота,  (21.03.2020 год.), каде што учествуваат гости во студијата во Штип и Скопје, беше поканет да гостува и Наум Барзов, управител на Баргала АД Штип и претседател на Регионалната стопанска комора на СКМ.

Веќе следниот дел, во неделата, на 22.03.2020 година,  добив известување од Центарот за јавно здравје  – Штип дека лицето дел од потесното семјество на Наум Барзов е со позитивно на корона вирус, додека неговиот тест е негативен, поради што до следниот тест се преопрачува изолација на нашите вработени, кои биле во директен контакт со Наум Барзов. Согласно овие препораки,  јас преземав мерки да новинарот да остане превентивно дома до среда, 25.03.2020год., како и двајца продуценти. Во исто време се изврши комплетна дезинфекција на студиото Штип и Скопје.

Добив најава дека дел од дописниците на националните телевизии во Штип имаат намера да објават информација за овој настан, и јас лично разговарав со сите дописници, со цел да им укажам дека не пости вест, затоа што нашиот госитн во програма е негативен.  Доколку има промена, по повторното тестирање, ќе ги превземам понатамошните постапки согласно законските обврски и препораки на Владата и надлежните институции. Се дотогаш нема потреба за никакво ширење на дезинформации, неточни вести и дефитизам, и ние како медиуми да покажеме професионален однос.

Сите новинари од Штип се сложија,  но не и дописникот на Алфа ТВ, Александра Ристевска, која објави вест дека е позитивно семејството, а во истовреме, нивниот синот бил гостин во студиото на Канал 77.

Од професионален аспект не постои вест туку обична аналогија која предизвика бура на реакции кај постарите роднини и пријатели на вработените во Канал 77, кои што по истата аналогија почнаа да изјавуваат загриженост со елементи на паника.

Јас реагирав кај новинарката Ристевска, која ми одговори: „Не си ти тој да ми кажуваш што јас да објавам“ и да се жалам кај нејзината матична редакција.

Јас го пријавив случајот и кај уредникот Горан Момировски од Алфа ТВ, а исто така поднесов претставка во Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), ЗНМ и други еснафски организации.

На ден 24.03.2020година од Центарот за јавно здравје потврдија дека лицето Наум Барзов и во контролниот тест е негативен, по што Канал 77 продолжи со редовна работа. Меѓутоа, штетите од  минатите денови со дезинфoрмациите и дефитизмот од новинарката на Алфа, ни нанесоа штета во тековното работење.

Почитувани колеги,

апелирам до сите медиуми, кои држат до професионалните станддарди и кои што се придржуваат на новинарската етика, да ги контролираат сите информации, односно да ги почитуваме официјалните извори на информации. Овој пример да го земеме како лоша пракса и доколку продожи ваквиот тип на известување,  апелирам до Владата да донесе уредба за ширење на дефитизам и дезинформации,  што може да се третира како кривчно дело.

Се надевам дека сите ќе излеме похрабри и поцврсти од оваа ситуација, но со добро ментално здравје и медиумска писменост.

-Управител Горан Гаврилов
Радио Канал 77