ТВ Канал ВИС подготви серијал од четири епизоди за случувањата на 27 април во Собранието.

Во првата епизода, снимателот на N1, Дамјан Чунихин посочи на еден тежок момент после ударот на статив од камера кој го погодил тогашниот пратеник, Љупчо Николовски во пределот на главата.

-Помагавме, имаше многу повредени. Заев беше повреден, Љупчо го погоди статив и задниот дел од главата буквално му се отвори. До сега во живот тоа го немав видено. Откинатото парче му го враќав со прст, му држев крпа….емотивно сведочи Чунихин, кој тој ден бил во Собранието.

Љупчо Николовски, за истиот момент вели дека позади него бил Оливер Спасовски кој со неговата скината кошула се обидувал да го му сопре крвот.

-Се што правеа, беше да има жртви, вели Николовски.

Првата епизода погледнете ја на видеото подолу: