“И сега што ќе правиме, ќе глумиме лажен патриотизам? Ќе ги симнуваме таблите каде што пишува Република Северна Македонија а во исто време ќе добиваме плата од Република Северна Македонија, ќе стануваме министри во Република Северна Македонија, ќе користиме привилегии од Република Северна Македонија? Мислам дека треба да ставиме точка на тој лажен патриотизам. Ако СДСМ го смени името а ВМРО-ДПМНЕ им даваше логистичка поддршка…” -потенцира новинарот Васко Ефтов во последната негова емисија “Во центар”.