Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во честитка по повод Денот на жената – 8 март, нагласува дека тој од позиција на “посилен” пол ќе работи за исполнување на правата на “понежниот” пол.

“Ние од “посилниот” пол треба да ги забележиме нивните потреби и да одговориме соодветно на нивните потреби. Јас одбивам да разговарам за бројки, за проценти, јас секогаш сакам да зборувам за квалитет, за интегритет. ” – додава во продолжение Мицкоски кој наводно се залага за рамноправност, ама од позиција на “посилен” пол.