Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, видно вознемирен не се откажува од својата намера да се спротивстави на, според него, “лажните вести” наведени во извештајот на ЕК.

“Верувајте, не можам да седам мирен и да речам тоа е така. Па, каков сака нека е извештајот. Тоа се вредности кои јас не можам да ги поддржам. И тоа е конечна и моја лична одлука да се спротивставам на таквите лажни вести” – вели Мицкоски.