Во текот на вчерашната емисија „Клик плус“ емитувана на ТВ21 во која дебатираа Мухамед Зеќири и Влатко Ѓорчев, Ѓорчев во еден дел од дебатата се обиде да ја наметне тезата дека судството во државата е под контрола на Зоран Заев и на СДСМ, на што Зеќири реагираше со неверување:

“Да беше судството под контрола на Зоран Заев и на СДСМ досега голем дел од твоите колеги од пратеничката група требаше да завршат во затвор?!

Како може некој да зборува дека СДСМ го има под контрола судството, луѓе?

И најмало дете коешто почнува да разбира не верува во овие лаги. Влатко смешни сте, срамота е истово да го повторувате цело време. Луѓето знаат што сме направиле.” – одговори Зеќири.

Ѓорчев на ваквиот коментар возврати со наметнување на аферата “Рекет” и кој сè се сликал со главните актери во аферата, на што Зеќири поентираше:

“Пa и вие сте се сликале со Груевски, па не сте криминалец ваљда?! Еве прашувам, не сте ваљда?!” – запраша Зеќири.