Во дебатната емисија “Само вистина” емитувана вечерва на Канал 5, економскиот аналитичар Љупчо Зиков со свој коментар за достигнувањата од економски и социјален аспект на последната Влада на СДСМ:
“Во делот на економијата не можеме да го пренебрегнеме фактот дека растот на бруто домашниот производ за 2019 година, при вакви околности во какви е државата во периодов, е 3,6%.
Политиките на оваа Влада во голема мера привлекоа странски инвестиции. Тоа ние го гледаме. Само слеп човек може да не сака да види што се случува во Бунарџик и низ цела Македонија со странски инвестиции. Тоа постои, еве го гледаме.
Платите, пензиите, помошта кон компаниите кои вработуваат никогаш не била поголема дури ни во спектакуларното време на Никола Груевски кога тој правеше “најголеми” економии и кога стапките на раст беа помали од оваа стапка што е покажана после само 2,5 години власт на СДСМ. ВМРО никогаш нема постигнато 3,6% раст на бруто домашниот производ, освен во 2006 година кога по инерција оствари позитивен резултат како одраз на претходната влада на Владо Бучковски.” – заклучи Зиков.