На традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби ловоров венец за поемата „Сердарот“.

Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“.

Во основа, во „Сердарот“ се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река и селото Стан.