На денешен ден во 2003 година во Белград, беше убиен премиерот на Р. Србија, Зоран Ѓинѓиќ. Ѓинѓиќ бил убиен по наредба на Милорад Улемек-Легија, поранешниот командант на единицата за специјални операции на југословенската тајна полиција, од страна на Ѕвездан Јовановиќ – војник на Улемек. Јовановиќ го застрелал од зграда која се наоѓала спроти зградата на српската влада во 12:23, погодувајќи го еднаш во градите. Куршумот го погодил во срце и го убил речиси веднаш.

Ѓинѓиќ бил однесен во болница каде му била констатирана смрт. Улемек бил обвинет како главен организатор на злосторството. Наташа Мичиќ, тогашниот вршител на должноста претседател на Србија, веднаш прогласила вонредна состојба.

На 23 мај 2007 година, дванаесет луѓе биле осудени за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ. Меѓу осудените обвинети биле Улемек, кој заедно со Ѕвездан Јовановиќ, бил обвинет дека бил водач на заговорот за атентатот.