СОС Детско село го одбележува Меѓународниот ден на донаторството и ги повикува сите граѓани да се придружат со симболичен добар гест или помош кон најблиските и кон најранливите.

Oд 2012 година, секој 5-ти септември се одбележува упокојувањето на Мајка Тереза, ден кој Обединетите Нации го прогласија за Меѓународен ден на добротворство.

– Ние, од СОС Детското село, ги повикуваме сите граѓани да го одбележиме 5ти септември со симболичен добар гест или помош кон најблиските и кон најранливите, но и да бидеме добри и епматични луѓе во текот на целата година, бидејќи многумина од нас имаат потреба од помош, а таа може да се даде на најразлични начини. Нашата организација СОС Детско село, благодарение на поддршката на многу добри луѓе кои ја разбираат важноста на давањето, солидарноста, алтруизмот и општествената одговорност, успеваме да ја пренасочиме таа помош на оние на кои им е најпотребна – тоа се деца без родители и родителска грижа, семејства кои живеат во високи социјални ризици и нивните деца кои се во ризик да ја изгубат родителската грижа, вели Јулијана Гапо, Национален директор за Северна Македонија.

Во знак на одбележување на Меѓународниот ден на донаторството, а во чест на Мајка Тереза, децата и младите од СОС Детско село, денеска ќе зборуваат и научат повеќе за нејзи нејзината хумана мисија и да ја применуваат нејизната поука: „Доколку не можете да нахраните стотици луѓе, нахранете еден човек“.

Меѓународниот ден на донаторството има цел да придонесе во зајакнување на социјалната одговорност ширум светот, да ја подигне свеста за филантропија и донаторство кај секој поединец и да помогне таму каде што е најпотребно.

– Затоа денеска, во името на децата, младите и семејствата за кои се грижиме, сакаме да им се заблагодариме на сите граѓани, пријатели, организации, институции и компании кои ја поддржуваат нашата работа и ни помагаат заеднички да ја остваруваме нашата заложба ’’НИТУ ЕДНО ДЕТЕ ДА НЕ РАСТЕ САМО“, истакнуваат од СОС Детско село.