На судењето за повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал, злоупотреба на пари и за слични дејанија, насловено „Титаник“, се случи преседан, нешто што ја шокираше јавноста повеќе отколку делата наведени во обвинението: обвинетите осуммина видни членови на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека се виновни!

Еве како одговори нивната партија: „Денес во ВМРО-ДПМНЕ е нова генерација луѓе кои креираат автентична политика што треба да донесе промени кои на државата и се неопходни“. Точно е дека денес во ВМРО-ДПМНЕ влегоа нови луѓе, ама проблемот е што и тие креираат, или ќе мора да креираат, „автентична политика“. Никој од новите не се појави со „издвоено“ или какво било друго мислење различно од партискиот став. А никој не знае, ниту се сеќава, на некоја друга политика, освен таа што важи за автентично вмровска: закани, вришење-пиштење, ендеци, шамари, расипување лифтови, увоз на човечиња од Албанија да гласаат во Скопје, фалсификување лични карти… Таквата внатрешна политика не само што очигледно не е сменета, туку е проширена и надградена со учество и на тие што ги поддржува надвор од работниот состав. На пример, очекува ли некој дека независната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, еден ден ќе им се извини на гласачите за лагата дека ќе ја тужи СДСМ (помина законскиот рок за тоа) поради документите што партијата ги објави како доказ дека таа има бугарско државјанство и лична карта?
Точно е тоа дека таа „автентична политика“ ќе донесе промени во државата. Но, за жал, промени кои не само што не и се неопходни, туку ќе бидат погубни и за државата и за сите други во неа.

Аргументите со кои ВМРО-ДПМНЕ го нападна „Титаник“ се и повеќе од доволен доказ дека ништо не се изгубило од автентичноста на нејзините политики во кои нема ни елементарна почит, не само кон политичкиот противник, туку ни кон извршната ни кон судската власт: „Се соочуваме со власт којашто држеше во заложништво пратеник во премиерската вила само за да опстане извршната власт. Ако тоа се случи пред некој месец на овој начин, може само го замислиме степенот на теророт врз овие луѓе за да се спроведе денешното сценарио за признавање вина“.

Целата колумна на Злате Лозановски за Слободен печат на следниов ЛИНК.