Најопасниот вирус кој постои е стравот.

Тој најлесно се храни со погрешни и лажни информации и може да нанесе несогледиви штети.

Кризните ситуации покажуваат дека оспорувањето на системот, институциите, науката и стручноста се многу опасни активности, не само за нив, туку за нас самите. Уништувајќи ги и негрижејќи се за нив се уништуваме себе си.

Комуникацијата во време на кризи покажува дека секој од нас мора да биде одговорен кон заедницата и општеството во кое припаѓаме. Во кризни ситуации, кои не можеме да ги разрешиме само како поединци, пресудна е способноста на наше вклучување и функционирање во координирани групи во кои расте капацитетот да се справиме со кризата и да ги решиме проблемите.

За координираноста на групата или заедницата најголем предизвик е потиснување на стравот и паниката. Само точните информации можат да го спречат ширењето на вирусот на стравот.

Комуникацијата во време на кризи покажува дека секој од нас мора да биде одговорен кон заедницата и општеството во кое припаѓаме.
ФБ статус на Сеад Џигал