По потпишувањето на договорот со Фронтекс на македонски јазик, во Бугарија молк, (освен нервозата на европскиот „колпортер“ Џамбаски“), а во Македонија, Христијан Мицковски се прави „на Тошо“.

За него Договорот со Фронтекс на македонски не е вест. Тој вели „тууу, не е тоа нешто ново, па такви договори има десетици, можеби и стотици што Македонија ги потпишала на македонски јазик со меѓународни организации, вклучително и со ЕУ.

Демантот стигна веднаш, денеска, од страна на МНР Османи кој категорички одбива дека тоа е вистина, напротив смета дека таквото тврдење е нечесно и невоспитано затоа што е лага. Ова е прв пат во историјата на оваа земја да потпише договор со Советот на ЕУ на македонски јазик. Дури и ЕК од 2005 го брише терминот македонски јазик во извештаите и користи синтагма официјален или службен јазик во земјата.

Сега за Христијан Мицковски македонскиот јазик бил „стекнато право“, и според него оваа тема е завршена. Не треба да се отвора, ниту подотвора, бидејќи како што вели, македонскиот јазик е признаен од ОН и кодифициран 1977 година.

-Тој е константа и мислам дека колку повеќе ја отвораме оваа тема толку е полошо за нашиот идентитет. Тоа е затворено прашање не треба никој ниту да го отвора ниту да го подотворува, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Така е професоре, значи завршивме со бугаризацијата, го спасивме македонскиот јазик, а со тоа и македонскиот идентитет. Ајде сега да ги изгласаме уште уставните измени и да продолжиме да одиме кон ЕУ.
А она што беше пред тоа ќе го заборавиме? Мислам на протестите и насилството пред Собранието, бетонските циглите фрлени врз полицијата и повеќе тешки и трајни повреди врз поединци.

Веројатно и оние илјада интелектуалци што потпишуваа Манифест, загрижени за македонскиот јазик, сега после оваа изјава на Мицковски, сфатија дека непотребно се потресувале дека ќе „станат дрво без корен“ и дека македонскиот јазик, според францускиот предлог ќе биде историски непостоечки за ЕУ“, пишуваа тогаш тие во Манифестот.

Па, ако побарате прочка, можеби и колегите пратеници од владејачкото мнозинство ќе замижат пред навредите кои со денови им ги упатувавте на најдолен уличарски начин.
Верувам дека на Фон дер Лајен не ѝ беше баш пријатно кога повторно дојде во Скопје да го донесе Договорот за Фронтекс на македонски јазик и се потсети дека на денот кога ја нарековте „нацист која дошла да нѐ стерилизира нас Македонците“.

Овој пат Фон дер Лајен дојде со торба пари наменета за Македонија и за Македонците да можат да се справат со зимата и да им го признае македонскиот јазик и идентитет.

Можеби требаше пак пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да излезат со маичките НЕ пред неа и да ѝ кажат дека не сакаат помош од Фашисти.

Маичките со НЕ ако им се запотени од долго носење можат и да си ги задржат, ама за по нива и за работа во двор.

За референдумот не берете гајле, веќе сите го заборавија.

Целата колумна на Љубиша Николовски за Фронтлајн на следниот ЛИНК.