Да се јави господинот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за да објасни на јавноста зошто покрај обрасци за пасоши, снемува и сообраќајни книшки, па луѓе не може да регистрираат возила.
Мислам, редно е да објасни што прави околу сево ова како министер, ептен ако не е во страшна фрка да брка некој нарко бос по прашуми во Јужна Америка или ….24/7 да составува листи и да распоредува грујови вмровци во техничка Влада.

Бидејќи, колку што ме држи сеќавањето, Наќева работа е приоритетно да опслужува граѓани со основни нешта кои се дел од секојдневието, а не да кочи на сите страни и да отежнува живеачка со – ,,немаме пасоши..нема сообраќајни, немаме она..али еве имаме куп вмровци на лагер ако ви затребаат за глеање”.

ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци