Луѓе што доаѓаат од кризни подрачја не седат во самоизолација… се изнајмуваат куќи за журки како замена за дискотеките… се иде на бензински да се пие пошто кафаните не работат…

Не, не ги прават овие работи затоа што се глупави и не се свесни за последиците. Ги прават затоа што се себични и не им е гајле за другите. Знаат дека тие самите не се во ризичните групи, па ич не им чуе што можат да заразат други, што можат да предизвикаат недолжни луѓе да страдаат.

Е тоа ни е најголем проблем во државава, веќе 30 години. Таа себичност, тоа кога мислиш само за себе и својот г’з, и ич не ти е гајле за другите.

ФБ статус на Бранимир Јовановиќ