Двете флоскули кои за Мицко и ДПМНЕ се основа за поднесување иницијатива за гласање недоверба на Владата на Заев и СДСМ и формирање нова, предводена од нив, се: „Народот и’ го зеде легитимитетот на Владата“ и „Народот се изјасни дека сака промени“.
Бројките велат дека на октомвриските локални избори, од 1.824.864 граѓани запишани во Избирачкиот список, ДПМНЕ и коалицијата освоиле 316.532 гласа, односно за нив гласале 17% од граѓаните. Или, 1.508.332 граѓани биле против политиките на ДПМНЕ.
Пред 3 години, на референдумот за Преспанскиот договор, од 1.806.336 граѓани во Избирачкиот список, “ЗА“ гласале 609.813 граѓани, или 33,7% од граѓаните во нашата држава. Тогаш, оние преостанати 1.196.523 граѓани кои не излегле на гласање, Мицко ги протолкува како „противници“ на договорот со Грција.
Да резимираме:
Ако Преспанскиот договор за Мицко нема легитимитет бидејќи “ЗА“ се изјасниле „само“ 609.813 граѓани, тогаш каков легитимитет имаат тој и ДПМНЕ за кои гласале „дури“ 316.532 граѓани?
Или: 609.813 > 316.532; 33.7% > 17.%
Нит’ легитимитет има, нит’ бутур!
ФБ статус на Зоран Милошески