Се обидувам, колку можам, да ги разберам луѓето. Секој од нас има лични искуства, знаења лични но и колективни добиени преку семејството, образованието, медиумите, средината во која сме израснале, работеле и живееле.

Од друга страна, сите ние си имаме и свои предрасуди и пристрасности, последица на споменатите влијанија. На нашите размислувања и постапки честопати влијаат и надворешни фактори – моменталната економска, политичка, општествена ситуација (или нарација) и ред други состојби, на кои индивидуално можеме да влијаеме, во најдобар случај – малку.

Но, има луѓе кои, едноставно не можам да ги разберам, оти се откажале од човечното во нив. Навистина, можете ли да разберете некој кој се радува на пожар во комшиската куќа? А дали пак ги разбирате оние што се радуваат на пожар во сопствената куќа?

Или, има ли некој што може да разбере, што ги води луѓето што во време на вакви опасности по животната околина и по човечки животи, шират омраза, поделби, лажни вести, се потсмеваат на несреќата, сеират?

И, за што? За ситен политички ќар? За малку повеќе гласови на газдите на наредните избори?

Целата колумна на Петрит Сарачини за Цивил медиа на следниот ЛИНК.