Показна вежба
ова со ЈСП е само показна вежба на ВМРО наменета за Данела Арсовска, која очигледно незадоволна од немањето контрола врз јавните набавки, тендери и инвестиции, се обиде да си направи подобра позиција. ВМРО ги повлече директорите на јавните претпријатија, но ги зачува под своја контрола управните одбори во нив, а без мнозинство во тие УО директорот не може да спроведе никаква набавка и не може да донесе речиси никаква одлука, барем не битна.
Згора на тоа, ВМРО има мнозинство во Советот, каде што се носат сите одлуки на ниво на Градот.
Така, кога на ЈСП му затребаа дополнителни пари за плати, Арсовска очигледно не сакала да „моли“ во Советот, па оставила да тлее проблемот. Тоа му отвори можност на ВМРО да ја спроведе показната вежба со која ќе и се обзнани на градоначалничката кој е газда овде.
Следна можност за докажување „кој е кој“ ќе имаат во декември кога се носи буџетот на Град Скопје. Тогаш е потребно мнозинство (23 советници) и ќе видиме како Арсовска ќе го обезбеди, дали ќе се договорат со ВМРО како ќе се трошат парите од буџетот, или ќе продолжи бурлеската.
Во секој случај Градот ќе страда, затоа што во ниеден момент кавгата не е околу развојни проекти во Скопје, туку околу контрола врз парите.
Цело време е за парите.
ФБ статус на Васко Лазаревски