Наместо да сочувствуваме со Украинците, да бидеме емпатични, дотолку повеќе што воено ни помогнаа во најкритичната 2001 година, ние на ФБ навиваме за Путин или, уште полицемерно, релативизираме, правејќи споредба со независноста на Косово.

Неверојатно е како за народ што целиот свој национален мит за сопствената историска трагика во изминативе повеќе од еден век го изградил врз база на тажаленските верувања дека бил делен, парчосуван, оспоруван, прогонуван, асимилиран, негиран и ред други траорни работи за една современа нација, повеќе од половината денеска отворено да се ситат, ликуваат и ги задоволуваат своите ниски страсти од воено-агресорската политика на „вампирот од Кремљ“ врз украинскиот територијален интегритет и суверенитет, дотолку повеќе што ние имавме иста таква, односно многу слична закана по нашиот, со воениот конфликт од веќе далечната 2001 година.

Од друга страна, пак, во обраќањето до нацијата, во својата „аргументација“, две децении најмоќниот руски човек В. В. Путин истакна(л) дека „Украина нема државност длабоко во историјата“ и дека е „творба на В. Илич Ленин по Октомвриската револуција“. Заменете ги само зборовите Украина со Македонија и Ленин со Тито и ќе ја добиете иста реторичка политика на Красимир Каракачанов во прв ред, но и таа на Румен Радев, Џамбаски, Захариева, Трифонов, Ковачев и безмалку цела актуелна бугарска политичка свита.

Целата колумна на Благојче Атанасовски за Слободен печат можете да ја прочитате тука