Навистина не изгледа како добра одбранбена стратегија за свој главен адвокат г. Орце Камчев да го ангажира претседателот на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Тони Менкиноски, во предмет во кој партијата на Менкиновски наводно е оштетена со 1,3 милиони евра, пари наводно украдени од донации за партијата, а кои партијата не си ги бара од осомничените за наводната кражба, на чело со некогашниот претседател на партијата, прво-осомничениот во овој случај Никола Груевски, а во кој спор г. Менкиноски го брани четврто-осомничениот Камчев?!

Понатаму: Партијата ВМРО-ДПМНЕ, на која наводно ѝ недостасуваат овие милионски суми во партиската каса, одржува блиски врски со, во случајов, прво-осомничениот (и пребеган) Груевски; за второ-осомничениот Мијалков слави што е во притвор; а на четврто-осомничениот Камчев му го става на располагање својот претседател на партиската Правна комисија за да го брани заради пари што наводно недостасуваат од партиската каса, а коишто се далеку поголеми од средствата со коишто четврто-осомничениот финансиски ја помагал партијата…

Понатаму: Бидејќи во преговорите со власта на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со адвокатот Менкиновски и Антонио Милошоски, не им успеа да ги „укинат“ предметите од СЈО; и бидејќи, потоа, ни со аферата „Рекет“ не успеа да се сруши власта која го обезбеди продолжувањето на предметите на СЈО; сега тие предмети напредуваат во судските процеси и, можеби побавно од тоа што го очекува јавноста, се реализираат со пресуди за кои Судот смета дека се адекватни за секој од случаите.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил медиа на следниот ЛИНК.