По сè изгледа Никола Груевски губи трпение таму во Будимпешта со пресудите, овде долу, и одозгора го притиска Мицкоски на избори по секоја цена. Но овде долу е сè уште премиер Ковачевски, кој го откачи под итно. Така сега професорот е во ситуација, нагоре високо, удолу тврдо.

И затоа прибегнува кон досега (не)видени методи. Од една страна најавува филибастеринг и блокада на Собранието, што и не е новост, тоа и досега го прави опозицијата дури и за закони важни за граѓаните. Од друга страна свесен дека само преку партијата нема да може да се изврши таков притисок кон власта, прибегнува кон повик до народот со подбуцнувачка позадина, сокриена во паролата „дека народот ќе дојде по своето“.

Откако во партијата сфатиле дека тоа е повик на линч и на насилство кој наликува на повикот на Груевски за напад врз Собранието на 27 април, на седница на ИК ја замениле синтагмата „народот ќе дојде по своето“, со повик за „граѓански активизам“.

Како и да е и едното и другото се веќе отрцани методи на политичка борба од која штета имаат сите во државата, освен ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што тие живеат со мотото „што горе, то боље“, за нив се разбира.

Интригантна е причината што раководството на партијата ја наведува за одлуката за блокада на Собранието, а тоа е личната проценка на Мицкоски дека „состојбата во земјата е катастрофална“!

Да, катастрофална е и во Германија, и во Франција, и во Унгарија и во Бугарија и во цела ЕУ. Затоа што катастрофална ја направи Русија со војната во Украина. И сега видете ја контрадикторноста на Мицкоски. Од една страна бара (уценува за) избори, а од друга страна излегува дека и не мора да има избори, ако Владата на Ковачевски ги прифати како советници (веројатно) или како министри, неколкуте „одбрани“ поранешни функционери од Владата на Никола Груевски, со кои патем тој ја „закопа“ Македонија и ја завитка во чоколадо, кога немаше ни за леб!!!

Бара ли тоа Мицкоски коалициска влада, за да нема избори??

На крајот на краиштата и не е забрането опозицијата да бара предвремени избори, тоа е сепак дел од политичката битка за превласт. Но зошто со таков жар и со уцени, како да е државата во длабока политичка криза. А не е. Дали е способна или не, е прашање на политички вкус, но тоа ни оддалеку не е причина за предвремени избори, кои за Мицковски се само средство ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт. Но од каде толкава сигурност дека тоа ќе се случи!

Повеќе изгледа дека целта на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се изборите, туку креирање политичка криза во државата, токму кога се очекува разрешница на спорот со Бугарија. Очигледно до тоа не смее да дојде па затоа уцената е темпирана до десети мај, пред јуни кога завршува француското претседателство со ЕУ и кога напорите на ЕК се ставени на најјако Македонија да ги почне преговорите за члнество. Ако тоа се случи, тогаш сметаат во ВМРО-ДМНЕ, шансите за победа на изборите се сведени на нула.

Целата колумна на Љубиша Николовски за Фронтлајн на следниот ЛИНК.