Партијата која се нарекува “Левица“ е крајниот резултат на градењето на антидемократија и политички бесмисол во Македонија.
Тоа е партија која нема вредносен систем (иако се пакува самата себе во левичарски целофан), меѓутоа има многу јасен популистички приод кој се базира на говор на омраза, поттикнување на насилство и национализам.
Оваа партија е логичен продукт на шлајмот кој се поддржуваше од страна на големите партии во Македонија во изминатите 30 години.
Таа претставува концентрат на квази-демократијата врз која се поставија темелите на државата уште во самиот почеток.
Граѓаните во неа ги пресликуваат својот бес и немоќ и недоверба и безидејност.
Се додека партија како таа која се нарекува “Левица“ е видена од страна на граѓаните како излез од калта во која сме заглавени, Македонија нема да мрдне ни ангстрем понапред на скалилата на развојот.
Не затоа што станува збор за револуционерна и левичарска партија.
Туку затоа што станува збор за бофл роба од некоја тезга на Битпазар која засенува со својот евтин колорит и сјај на лажниот златен премаз.
И да. Оваа партија е опасна.
Затоа што е индикатор на нивото на политичката свест на граѓаните кои мислат дека знакот на брендот (колку и да е препознатливо лошо сошиен) е сепак доказ дека станува збор за оригинал.

ФБ статус на Мирјана Најчевска