Ширењето на корона вирусот не е војна туку ширење на посебен вид грип.
Ајде така и да се однесуваме.
Потребни се краткотрајни меѓутоа многу строги мерки за да запре преголемото ширење кое не може да го адресира здравствениот систем.
Тоа не значи дека се во државата треба да престане да функционира туку да се намалат активностите кои можат да го потпомогнат ширењето на вирусот.
Да, треба поголема хигиена и промена на некои навики. Треба изолација на можни заболени. Треба намалување на групните собиранки.
Ама не треба да престанеме да функционираме.
Можеби сега е време да почнеме да размислуваме за создавање услови во кои ќе ја искористиме технологијата во демократското управување.
Воведувањето Е- Влада може не само да го намали трошокот на државата за централната власт туку да обезбеди функционирање на сите служби и во вакви ситуации.
Па електронско гласање. Зошто да не. Зошто мора како стада да се упатиме кон гласачките места кога тоа може да го направиме и од дома?
Па видео конференции.
Зошто да престане одржување на состаноци и донесување решенија ако тоа може да се направи без собирање во ист простор.
Учењето на далечина постои веќе десетина години. Се добиваат знаења и вештини и се полагаат испити.
Работата од дома може да биде многу интересен предизвик. Има многу канцелариска и друг вид работа која може со соодветна опрема и регулатива да се обавува од дома. И ова може да биде голема заштеда во простор и време и енергија.
Купувањето од дома е нешто кое веќе постои и кај нас. Зошто е потребно да шетаат волонтери кај стари и немоќни кога има апликации преку кои може да се набави се и да ти биде донесено дома.
Не велам дека сето ова е возможно сега.
Меѓутоа некои работи се возможни и сега, а за некои треба да создадеме услови.
Секако, потребно е широко специфично описменување на луѓето за користење на современите технологии. И потребно е малку да се гледа во иднината наместо во минатото.
А за пасионираните колекционери на тоалет хартија препорачувам 3-Д принтери. Можат да си печатат во секоја боја и холемина.

ФБ статус на Мирјана Најчевска